Дарфур – војници на АУ
30 септември 2007Реклама
Најмалку десет војници од составот на мировната мисија на Африканската Унија загинаа денеска при нападот на нивната база во јужната суданска покраина Дарфур. За сега не се знае ништо за идентитетот и политичката ориентација на напаѓачите. Владата во Картум за нападот ги обвини бунтовниците, додека тие пак соопштија оти станува збор за дело на суданските безбедносни сили. Ова е до сега најтежок напад врз војници на АУ од нивното разместување пред три години.