Данска повика на смирување на ситуацијата
6 февруари 2006,, Данската влада апелира сите лидери, политички и религиозни во засегнатите зем,ји да го повикаат населението да се смири и да се воздржи од насилство. На нас е одговорноста да го избегнеме натамошното заострување на ситуацијата и да се вратиме на дијалог, изјави данскиот министер за надворешни работи Пер Стиг Молер.
Тој отворено се извини за навредата врз Муслиманите што ја предизвикаа карикатурите на Мухамед објавени во данскиот весник, а на кои пророкот е нацртан како терорист, со бомба на главата наместо турбан.
,,И нека биде јасно: Данската влада го цени Исламот како една од главните религии во светот. Владата немаше намера да ги повреди чувствата на Муслиманите и не поддржува такви активности“ посочи Милер и додаде :
,, Важно е дека ни стана јасно дека нема да добиеме ништо од овие конфронтации. Сите можеме само да изгубиме, бидејќи сега спорот е во рацете на екстремистите, фанатиците кои не прифаќаат дијалог на културите и соработка меѓу западните и муслиманските влади. Затоа ситуацијата е мошне опасна , бидејќи да се има работа со екстремисти е мошне погрешна насока“ рече данскиот шеф на дипломатијата Пер Стиг Милер.