1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали ЕУ ќе признае независно Косово?

Од интервјуа на Дојчландфунк26 октомври 2007

Дојчландфунк објави дека Берлин, по САД би можел да признае независно Косово. Околу оваа информација и натаму се шпекулира - германските политичари го изнесуваат ставот за ова прашање.

https://p.dw.com/p/Bwtn
КосовоФотографија: DW/Sand

Радиото Дојчландфунк на почетокот на неделава откри дека Берлин, заедно со другите држави во ЕУ би биле подготвени по САД, да признаат независно Косово. Во ваков случај против би останала само Русија, која се смета за сила заштитник на Србија. За информациите кои доаѓаат од Берлин, во две одделни интервјуа за Дојчландфунк став зазамаа и Екарт фон Кледен од ЦДУ, одговорен за надворешно политички прашања и специјалниот координатор на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа Ерхард Бусек

Фон Кледен - не сака да учествува во шпекулациите

Веќе пет дена се шпекулира дали Берлин ќе го признае независно Косово. Во меѓувреме речиси сите држави членки на Европската унија се на истиот брод. Екарт фон Кледен, член на претседателството на ЦДУ и порпарол за надворешно полтички прашања на пратеничката група на Унијата на ова одговара „Не сакам да учествувам во такви шпекулации. Имено сите се надеваме, дека мисијата која се води, и во која учествува и нашиот амбасадор во Лондон, господин Ишингер ќе биде успешна и дека ќе може да ги придвижи Србите и Косоварите да најдат взаемно прифатливо решение. Но исто така е јасно дека ако не дојде до ова решение, тогаш ни Србите ни Русите неможе да шпекулираат со тоа дека Европа, за да одбегне поделба ќе се придржува на моменталниот статус кво. Тоа нема да може да биде решение. И не верувам дека би дошло до таква поделба на Европската унија.“

Но дали Србите и Русите би можеле да ја сменат својата позиција на ова Кледен одговара „На Србите јасно мораме да им стави до знаење дека решението кое го сметаат за наметнато, значи решение во форма ограничена независност е најдоброто можно решение за припадниците на српското малицнство на Косово.“

Бусек - решение мора да се најде

Специјалниот кординатор на Пакотот за стабилност за Југоисточна Европа Ерхард Бусек, пак шпекулавциите за признавање независно Косово ги оценува како „Мислам дека нема да преостане ништо друго. Жално е, бидејќи се разбира би било подобро ако страните постигнат компромис за приазнавање. Никој неможе да ги спроведе сто пороценто своите ставови. Но во меѓувреме е такво принципелно прашање каде што би сакал да кажам дека имам впечаток дека политичарите, подвлекувам политичарите - не се однесува на сите Срби, во Белград очекуваат решение, на кое во секој случај ќе кажат не. Значи работата другите треба да ја преземат за да се изнајде решение.“ истакна Бусек кој смета дека веќе долго се преговара за Косово и треба да се најде решение