1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Г8 бараат заедничко решение за Косово

8 јуни 2007

Г8 на самитот во Хајлигендам сеуште не заземаа заеднички став по однос на Косовското прашање. Изјавата на францускиот претседател Саркози за одложување за шест месеци на конечното решение предизвика реакции на Косово.

https://p.dw.com/p/ApUo
Путин, Буш, Саркози - лидерите на Г8 разговараат за КосовоФотографија: picture-alliance/dpa

САД форсираат спроведување на планот на посредникот на ОН Марти Ахтисари, кој предвидува контролирана независност на покраината. Русија досега одбиваше начин на регулирање кој е против волјата на српскиот народ. Од делгациски кругови се дознава дека Русија се заканува со вето против резолуција на САД, Франција и Велика Британија која предвидува ограничена независност на покраината. Рускиот претседател Владимир Путин го блокирал и фрнацускиот план за одложување на решението. Имено во Хајлигендам францускиот претседател Никола Саркози во меѓувреме предложи шестмесечно одложување на советувањата околу идниот статус на Косово. Русија би морала да признае дека се неизбежни изгледите за независност на Косово, смета Саркози. Спроед него по половина година постои можноста, или Белград или Приштина да најдаат „подобра статус“ или да биде прифатлив планот на посредникот Марти Ахтисари.

Предлогот на Саркози предизвика реакции на Косово

Изјавата на фрнацускиот претседател наиде на реакции во Косово

Agim Ceku
Чеку - Секое одложување е штетно за граѓаните на Косово.Фотографија: dpa-Bildfunk

Премиерот на покраината Агим Чеку изјави

„Ние не можеме повеќе да чекаме. Секој ден одложување означува и пораст на фрустраци, губење на легитимитет на косовското раководство и губење на довербата и довербата во легитимитетот на меѓународниот фактор. Секое одложување е штетно за Косово и неговите граѓани. Ја повикуваме меѓународната заедница да ја усвои новата резолуција за Косово или да не пушти да одиме по свој пат. “ изјави Чеку

И претседателот на Косово Фатмир Сејдију застапува став дека новата резолуција на Советот за безбедност која го поддржува планот на Ахтисари треба да се усвои што е можно побрзо.

Шефицата на мисијата на САД во Приштина Тина Кајданоу денеска пак истакна дека шефовите на Г8 вчера не постигнаа никакво договр во врска со предлогот на францускиот претседател ниту за кој било друг предлог за иднината на Косово. Таа додаде дека и натаму продолжуваат разговорите за наскоро да се донесе одлука.

Позитивно оценет одбидот за приближување на Србија на ЕУ

Инаку Г8 државите истовремено ги поздравија и новите обиди за приближување на Србија кон ЕУ. Комсијата на ЕУ врз основа на позитивниот извештај на главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте за подготвеноста за соработка на Србија, на 13 јуни треба да ги обнови преговорите за Стабилизација и асоцијација прекинати пред една година.