1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гугл крадел податоци во Белгија

17 ноември 2011

Интернет компанијата „Гугл“ плати казна во висина од 150.00 евра, откако во август беше утврдено дека собирала лични податоци за време на работењето во Белгија. ,„Гугл“ ќе биде казнет на сличен начин и во други земји.

https://p.dw.com/p/13CVK
Фотографија: picture-alliance/dpa

Имено, автомобили на компанијата возеле низ неколку белгиски градови, со цел да направат тридимензионални кадри за програмот „Гугл Ерт“. Додека ги правеле снимките, автомобилите се логирале на отворени „Ви-Фи“ мрежи, преку кои корисниците разменувале информации, во најголем дел видео записи и електронска пошта. На овој начин во серверите на компанијата се наоѓаат и лични податоци на белгиски државјани.

Во соопштението се наведува дека тоа е кршење на законодавството на Белгија, за што „Гугл“ бил известен и откако не реагирал на одлуката да биде казнет, ја платил предвидената сума.Според медиумите,„Гугл“ ќе биде на сличен начин санкциониран и во соседните земји на Белгија.


Автор: БОМ / АТ / миа

Редактор: Александра Трајковска