Грчкиот парламент расправа за мерките за штедење
27 април 2013Наредната транша меѓународна помош за Грција е во висина од 8,8 милијарди евра. Предуслов за помошта е усвојувањето на законот од страна на грчкиот парламент, со кој, меѓу другото, треба да бидат отпуштени 15.000 државни службеници до крајот на 2014 година. Освен тоа, треба да биде воведен и нов данок на имот. Комисијата за финансии на парламентот денеска (27.04) даде зелено светло, а утревечер мерките треба да добијат виза од страна на Парламентот.
Министерот за финансии Јоанис Стурнарас (на фотографијата десно) нагласи дека донесувањето на законот е апсолутно неопходно. Опозицијата го критикува притисокот што се врши за забрзување на темпото на донесување на законот. Според портпаролот на најсилниот опозиционен сојуз на радикалната левица (СИРИЗА) Панајотис Лафазанис, Владата дејствува според заповедите на Тројката (ЕУ,ЕЦБ,ММФ), а не според правилата на Парламентот.