1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција ќе приватизира државен имот за да се спаси од банкрот

24 мај 2011

Ако Грција наскоро не ја добие новата транша од парите на ЕУ и ММФ за спас, во висина од 12 милијарди долари, ќе банкротира, соопшти грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину.

https://p.dw.com/p/11My8
Јоргос Папконстантину, министер за финансии на Грција
Јоргос Папконстантину, министер за финансии на ГрцијаФотографија: dapd

Грција најави заштеди од нови 6 милијарди евра, за од ЕУ и ММФ да ја добие наредната транша од 12 милијарди евра. Атина ќе ја забрза и приватизацијата на државниот имот за да го намали јавниот долг. Владата на Јоргос Папандреу објави дека веднаш ќе почне да го продава профитабилниот државен имот. На удар ќе се најде најголемиот грчки телекомуникациски оператор OTE и пристаништата во Пиреја и Солун, кои спаѓаат меѓу најпрометните туристички и трговски пристаништа на Медитеранот. Атина планира до 2012 година да го намали уделот во монополската компанија за електрична енергија PPC, а во план е приватизација на Хеленик Постбанк, водостопанството во Солун, гасната компанија ДЕПА, железничката компанија Траинос, казина во близина на Атина и произведувачот во секторот на воената индустрија ЕАС.

Најавени се нови штрајкови
Најавени се нови штрајковиФотографија: AP

Синдикатот на вработените во јавниот сектор по обелоденувањето на ваквите намери на владата, најави 24-часовен штрајк, што ќе се одржи во јуни. Грчката опозиција, исто така соопшти дека не се согласува со новите мерки на штедење. Шефот на Нова демократија, Антонис Самарас, по средбата со премиерот Папандреу, денеска изјави дека смета оти курсот на социјалистите е погрешен.

Европската комисија, пак, денеска ја поздрави решителноста на владата на Папандреу да се справи со кризата. Сепак, дефинитивна оценка од ЕУ засега нема, затоа што се чека на проценката на експертите на ЕК, Европската централна банка и ММФ околу програмата за штедење на Атина. По проценката ќе биде донесена одлука околу исплата на наредната транша помош за Грција.

Автор: ЕМФ/ЖА/дпа/ртр/макфакс

Редактор: Жана Ацеска