Поплаки и до Еврокомисијата
20 јануари 2012Според „Нафтемборики“, како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, на карневалот, одржан на 13 и 14 јануари, „Грција била погребана со ковчег и некролог, а грчкото знаме запалено“.
Грчкиот европратеник Јоргос Кумуцакос упатил прашање до Европската комисија во врска со случајот. Тој посочил дека „ акциите на Скопје речиси се совпаѓаат со обновувањето на преговорите меѓу двете земји под покровителство на ОН во спорот за името“. Според „Нафтемборики“, грчкиот европратеник поставил прашање дали ЕК е запознаена со случајот, дали ќе реагира и дали смета дека ваквите активности ги поткопуваат изгледите за успех на тешките преговори за името.
Грција претходно испрати протестна нота до официјално Скопје, во која настанот се дефинира како „провокативен“ и „навредлив“. Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека „ треба да се преземат мерки за да се избегнат слични инциденти во иднина“.
Автор:СН/ЖА/миа
Редактор: Симе Недевски