1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција не му ја плати ратата на ММФ

ЕМФ/дпа/афп/ртр1 јули 2015

Грција се тетерави кон банкрот. ММФ потврди дека Атина не му ја исплати ратата во висина од 1,5 милијaрди евра. Истовремено, земјата бара продолжување на рокот за отплата на долговите.

https://p.dw.com/p/1FqyK
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Giannakouris

Грција е првата индустриска држава која има заостанат долг кај Меѓунaродниот монетарен фонд. Од седиштето на ММФ се вели дека Атина ќе може да добие натамошни средства од оваа институција откако ќе ја плати заостaнатата рата. Освен тоа, ММФ потвrди и дека Грција до последна минута (до полноќ) молела за одлагање на плаќањето анадолгот. Околу ваквото барање Фондот ќе се советува кога за „тоа ќе дојде време“, се вели во Вашингтон.

На полноќ истече и програмата за помош од европските партнери на Грција. Со оглед на тоа што левичарската влада во Атина не можеше да постигне договор со меѓународните кредитори околу реформските чекори и мерките за штедење поврзани со програмата, се предвидува дека државата сега ќе се соочува со се‘ повеќе проблеми. Протокот на капитал е веќе силно ограничен. Освен тоа, недостигаат ветените милијарди за исплата на плати и камати.

Новите предлози на Атина за решение на конфликтот во последна минута во Брисел пристигнале предоцна. Сепак, преговорите ќе продолжат и во наредните денови. Од европски преговарачки кругови се нагласува дека Атина е под одредени услови подготвена да го откаже референдумот предвиден за в недела. Денеска мниистрите за финансии на еврозоната преку телефонска конференција ќе разговараат за предлогот кој Атина го достави непосредно пред истекот на рокот.

Денеска ќе заседава и Советот на Европската централна банка. Притоа,ќе се расправа и околу прашањето дали ЕЦБ ќе продолжи со исплата на итно неопходните клредити за помош на грчките банки.