Грција има рок од три дена за следната транша помош
2 јули 2013Атина и нејзините кредитори ги обновија вчера преговорите за ослободување на транша во износ од 8,1 милијарда евра по двонеделниот прекин за време на политичката криза, предизвикана од одлуката за затворање на државната радио телевизија ЕРТ.
„Очигледно е општото незадоволство од напредокот во Грција, кога станува збор за реформите во државниот сектор, како собирањето на даноци или здравствените услуги“, изјави претставник на еврозоната, кој учествува во преговорите.
„Сите се согласни дека Грција треба да ги исполни условите пред состанокот на Еврогрупата, в понеделник. Поради тоа таа треба одново да ги претстави своите идеи в петок“, изјави друг претставник на еврозоната.
Министрите за финансии од еврозоната планирано е да се состанат на 8 јули и да дискутираат за ситуацијата во Грција.