1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грците тонат во сиромаштија

НД/ дв
17 март 2017

Стапката на сиромаштија во Грција е двојно зголемена и покрај милијардите евра помош. Повеќето Грци сѐ потешко ги покриваат трошоците, а голем дел од нив зависат од народните кујни за храна.

https://p.dw.com/p/2ZOeY
Griechenland Krise Rückblick
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Gouliamaki

И покрај тоа што во Грција седум години се слева финансиска помош вредна неколку милијарди евра, сиромаштијата е сѐ уште присутна. Сиромаштијата во Грција е најсериозна во Европа и постојано се влошува.