Груевски уверен во изборна победа
5 мај 2008Реклама
Коалицијата којашто ја предводи ВМРО ДПМНЕ ја сочинуваат дваесетина партии. При промоцијата на 120-те кандидати за пратеници, лидерот и премиер, Никола Груевски најави економски промени и преродба. Ги повика граѓаните на масовен одзив за да се казни опозицијата којашто до сега ги кочела реформите. Во меѓувреме и Државната изборна комисија ги потврди конечните листи на сите партии коишто ќе учествуваат на предвремените избори на 1 јуни. Но, повторно се појавија и листи со таканаречени „двојници“.