Градоначалникот на Штутгарт во Скопје
17 јануари 2008Реклама
Германија ќе ја подучува Македонија како да се реформира еден од најпроблематичните сектори во земјата - здравството. Потпис на спогодба за соработка во медицината денеска ставија минисстерот за здрваство на Македонија Имер Селмани и градоначалникот на Штутгарт Клаус Петер Муравски. Во неговата покраина Баден Виртемберг болниците се во надлежност на локалните власти, а Штутгарт освен по автомобилските марки е познат и како значаен медицински центар. Германскиот градоначалник нагласи дека покраината што ја претставува и градот што го раководи освен во здравствотот ќе ја поддржат Макеоднија и во другите области за што побрзо адаптирање во европските стандарди.