Гостите подобри од домаќините
26 септември 2007Реклама
Три од четирите синоќешни натпревари од шестото коло во фудбалската Бундеслига завршија со победа на гостинските екипи. Шалке го совлада Дуизбург со 2:0, Хамбург во Дортмунд славеше со 3:0, Ханза Росток изненади во Берлин совладувајќи ја Херта со 3:1. Волфсбург и Вердер одиграа нерешено 1:1. Денеска на програмата се преостанатите натпревари.