Голем чекор кон финалето
19 април 2006Сите очи но и двајца играчи на Милан во текот на 90-те минути од натпреварот на стадионот -Сан Сиро во Милано беа вперени во најдобриот играч на светот , бразилецот Роналдињо. Иако во најголемиот дел од натпреварот беше добро чуван пред се од Џенаро Гатузо , бразилскиот маѓепсник искористи една мала слабост на играчот на Милан , доволно накратко да се ослободи и да испрати одлично додавање во шеснаесетникот , кое одлично го искористи Лудовик Џули , и во 57 минута го совлада голманот Дида.
„Добра победа против одличен тим “ – коментираше по натпреварот Роналдињо , кој ја предводеше Барселона во одличните втори 45 минути од натпреварот. Во првото полувреме Милан беше подобар , со три изгледни шанси за гол.
Тоа му дава надеж на тренерот на Милан Карло Анчелоти дека сеуште постојат шанси на реваншот на Ноу Камп во Барселона:
Не ни треба чудо , но ќе ни биде потребна неверојатна игра за да минеме во финалето- изјави Анчелоти по средбата.
Неговиот колега на клупата на Барселона но и поранешен соиграч, Франк Рајкард беше презадоволен по натпреварот:
„Ова е многу важен резуултат . Игравме во една тешка арена против извонреден тим и не беше лесно“
Денеска се игра второто полуфинале во Лигата на Шампионите . на Хајбери во Лондон , играат домаќинот Арсенал и шпански Виљареал. Возвратните средби од полуфиналето се играат за една седмица.