Русија со воена парада ја одбележа 75-годишнината од битката за Сталинград. Околу 30.000 луѓе во градот кој денес се вика Волгоград ја проследија парадата на 1400 војници. Руската армија презентираше модерно оружје, како системи за противвоздушна одбрана С-400, ракетни фрлачи Смерч и Торнадо. Битката за Сталинград означи пресврт во Втората светска војна.