Гејтс и нуди соработка на Москва
23 октомври 2007Реклама
САД можат да ги одложат активностите околу инсталирањето на антиракетен штит во Чешка и Полска доколку Русија соработува, изјави американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс во Прага. Гејтс притоа и понуди на Москва учество во планираниот проект. Официјален Кремљ досега жестоко ги критикуваше плановите на Вашингтон.