Германците веќе не се плашат и трошат повеќе
24 декември 2015Божиќни пазари под полициска заштита. Од нападите во Париз во ноември и во Германија безбедносната ситуација е напрегната. Но, тоа очигледно не се одразува на потрошувачкото расположение, велат од институтот за истражување на пазарот ГфК. Во декември, по цели четири месеци пад, повторно има зголемена потрошувачка. Ролф Биркл од ГфК објаснува:
„Во делот на вработувањето се бележи пораст, а тоа значи дека нема страв од невработеност. Поврзан со добрата состојба со вработувањата е и порастот на платите, значително поголем отколку минатите години. Зголемување кое реално останува в џеб, затоа што инфлацијата во моментов е многу ниска.“
На тој начин, добрите конјунктурни изгледи ја ублажуваат и несигурноста поради бегалската криза, велат истражувачите на германскиот пазар. Божиќниот бизнис, кој на почетокот не беше којзнае каков, во последните недели повторно доби на полет. Истражувачите се сигурни дека и во наредната година луѓето во Германија ќе купуваат многу и дека нема да се плашат ниту од поголеми трошоци.
Овде може да го погледнете видеото: