Германски туристи поминаа 18 часа заглавени во жичарница
13 август 2011До несреќата дојде откако вчера (12.08.) околу 13 часот параглајдер се заглави меѓу сајлите на жичарницата и со тоа предизвика нејзина блокада. Пилотот на параглајдерот е неповреден, но неговиот сопатник претпре полесни телесни повреди. Тие беа спасени преку хеликоптер, исто како и останатите туристи во жичарницата. Најголемиот проблем се појави околу кабината, која остана заглавена директно над голема провала.
Службите за спас одлучија акцијата за извлекување да ја остават за денеска рано изутрина, бидејќи вчера временските услови не го дозволуваа тоа. Заглавените туристи, меѓу кои и пет деца и 75-годишно лице, во текот на ноќта беа снабдувани со храна, пијалаци и ќебиња. Со оглед на околностите, сите се наоѓаа во добра состојба.
Автор: ТТ/ АТ/ дпа
Редактор: Александра Трајковска