1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски ставови за Косово

16 април 2004

По последните брутални етнички изливи на насилство на Косово овој регион делумно го врати интересот на меѓународната заедница

https://p.dw.com/p/AdF7
Војници на КФОР
Војници на КФОРФотографија: AP

Време во кое пет години старата стратегија за смирување треба да се преработи, зашто се чини дека таа не успеа да ги постигне целите. Експертите и политичарите, на пример во Германија, сепак не се единствени како најдобро може да се реши проблемот.

Германската политика повторно го откри Косово по жестоките безредија од 17 и 18 март. Неколку дена по крвавите судири, сите политички партии побрзаа да ги презентираат своите замисли за долгорочно решавање на косовскиот проблем. Вим ван Моерс, балкански експерт и шеф на проектот “Косовската петта годишнина – на пот кон никаде“ од фондацијата Бертелсман тврди дека науката не го испуштила од предвид Косово:

“Кај фондациите и научните институти овој интерес не се појави одеднаш. Политички гледано, колку и да е тажно, ваквиот интерес се појавува само по такви инциденти. Можеби и токму затоа што станува збор за јубилеј од пет години“.

Во јуни ќе се навршат пет години од војната на Косово, а регионот се уште го потресуваат етнички немири. Во студијата на Бертелсман експертите доаѓаат до заклучок дека нејасниот статус на Косово го спречува секој напредок на патото кон мир, безбедност и стандард. Се вели дека за решавањето на ова клучно прашање Косово треба со нова резолуција на Обединетите нации на неограничен рок да биде прогласено за подрачје со мандат на ОН. За ова Ван Моерс вели:

“Првиот чекор, според мене, и тоа би требало да го признаат сите вклучувајќи го и Белград, е дека враќањето на Косово под суверенитет на Србија е невозможно. А, потоа прашањето како да се спроведат соодветни стандарди од правна држава до човекови права...Овие две се меѓусебно поврзани ако суверенитетот е во Белград или Приштина. Мојот предлог би бил целосниот суверенитет да се најде во Обединетите нации. Би можело иронично да се каже дека главен град на Косово ќе биде Њујорк“.

Студијата на фондацијата за наука и политика потврдува дека обете страни и натаму се придржуваат кон нивните позиции: косовските Албанци бараат независнот, српската страна ја одбива таа можност. Ниту Белград, ниту Приштина или Тирана сепак во моментов не се заинтересирани за ескалација. Меѓутоа, до ескалација може да дојде за време на предизборната претседателска трка во Србија во јуни или на парламентарните избори на Косово во октомври.

Политиката од друга страна се колеба меѓу два екстрема. Германските социјалдемократи го преферираат предложениот пат:“стандарди пред статус“. Не смее да се напушти целта на меѓународната заедница за мултиетничко Косово. Заменикот шеф на фракцијата на СПД Гернот Ерлер смета дека е можно мултиетничко Косово:

“Стаус кво не е политика. Станува збор за тоа да се објасни принципот на меѓународната заедница пред да биде можно разјаснување на статусот, значи за можен мирен соживот што значи дека мораат да бидат исполнети стандардите за човекови права. Во тој редослед, спроед мене, ништо нема да се промени ниту во иднина“.

Меѓутоа дека во владините кругови во Германија не постои сосема дефинирана стратегија покажува предлогот на помалиот коалиционен партнер. Претседателката на зелените Ангелика Бер смета дека проблемите на Балканот треба да бидат решени на меѓународна конференција:

“Верувам дека на меѓународна конференција треба да присуствуваат како владите, така и различните етникуми во потрага по заеднички пат. Погрешно е само воено да се реагира. Целиот регион, значи Србија и Црна Гора и Косово, но и Македонија и Албанија мораме да го гледаме во целост и да развиеме заеднички економски концепти зашто само со економски развој мирот има подобра шанса“.

Опозицијата, вообичаено, не мисли така. Претставникот за развој на ЦДУ/ЦСУ Кристијан Рук вели дека владата мора да го коригира курсот кон Косово. Опозицијата бара по можност брзо разјаснување на статусот на Косово. Сепак, опозицијата се согласува со зелените: итно е потребна меѓународна конференција за Косово. Сето ова покажува дека политиката во Германија се уште нема дефинирано заедничка стартегија за решавањето на косовскиот проблем.