Германските фудбалери загубија од Холандија
7 јуни 2013Неконцентрирани, игра полна со грешки, која не е на ниво на Европско првенство - така може да се оцени првото полувреме на почетниот натпревар за Германија на ЕП во Израел. Во првите 45 минути Холандија поведе со 2:0. Вторите 45 минути Германците ги одиграа спектакуларно, енергично и полни со самодоверба. Изедначија на 2:2, но во последните моменти на натпреварот Холанѓаните успеаја да дадат трет гол и да го решат натпреварот во своја полза.
Сега Германците би морало да победат на двата преостанати натпревари во групата Б, против Шпанија и Русија, доколку сакаат да имаат шанса за натамошен пласман. Особено мечот против Шпанците, кои важат за топ-фаворити, ќе биде тежок. Шпанија, која е актуелен првак во оваа конкуренција, ја победи Русија со 1:0.