1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германските институти за јавно здравје пукаат по шавови

Теса Клара Валтер
29 октомври 2020

Бројот на новозаразени со коронавирус во Германија се зголемува толку брзо, што вработените во институтите за јавно здравје честопати веќе не можат да ги следат оние кои биле во контакт со заразени лица.

https://p.dw.com/p/3kacn
Deutschland | Coronavirus - Berlin | Gesundheitsamt
Телефоните во институтите за здравје ѕвонат постојаноФотографија: picture-alliance/dpa/Zentralbild/B. Pedersen

Институт за јавно здравје Зелов, 11 часот. Откако стигнавме, телефонот на Арне Целс не престанува да ѕвони. Тој секојдневно, како т.н. „Containment Scout” е во контакт со луѓе кои имале позитивен тест на коронавирус или имале контакт со заразено лице. Тој се грижи лицата да останат во карантин. За тоа да им го објасни, потребно му е време.

„Ако тоа го правиме многу бргу, би дошле во ситуација да имаме лице кое се наоѓа во ситуација со која воопшто не може да излезе на крај. Во најдобар случај ќе седи и ќе падне во депресија, а во најлош случај ќе излезе и ќе загрози други“, објаснува Арне Целс.

Исто како Зелов, институтите за јавно здравје во цела Германија имаат сѐ повеќе работа поради растечкиот број на новоинфицирани. Многумина како Арне Целс се дополнително ангажирани за да ги растоварат вработените.

Повеќе:

Ќе го прифатат ли Германците новиот делумен „локдаун“?

По новиот корона-рекорд: Меркел предлага затворање на барови, кина, театри...

Ковид-19 и (не)фер распределбата на вакцината ширум светот

Во Институтот за јавно здравје во Нојкелн, ни повеќе персонал не е доволно за решавање на проблемите. Потребна е промена на стратегијата. Овој берлински кварт е едно од најголемите жаришта на корона во Германија.

Николај Саваскан, раководител на Институтот за јавно здравје Нојкелн, објаснува:

„Веќе не се занимаваме со одделни извори на инфекција, туку со многу извори. Поради тоа, мора да ги прилагодиме на тоа своите сили и стратегија.“

Сега има толку случаи, што институтот, освен лицата кои имале позитивен тест, им се јавува само на оние кои биле во контакт со заразено лице, а припаѓаат на ризична група. Останатите директно треба да ги извести лицето кое се сретнало со нив и кое има позитивен тест.

Во Нојкелн, како и во Зелов, се надеваат дека моменталните мерки ќе помогнат за намалување на инфекциите. Во спротивно, стравуваат од долга корона-зима.