Германскиот Уставен суд пресуди – малолетници не смеат да користат солариум
19 јануари 2012Владата уште во 2009-та година го усвои законот, откако една студија покажа дека луѓето на возраст под 30 години имаат 75 проценти поголеми шанси да се разболат од рак на кожата поради редовното сончање. Судот ги отфрли жалбите на студијата за сончање и на една 17 годишна девојка, која тврдеше дека со законот и’ се нарушени човековите права.
Во пресудата стои дека законодавството за заштита на малолетниците има за цел да превенира тие да се самоповредуваат.
Германија е една од топ пазарите за вештачко потемнување на кожата, со 3 500 студија и 50 000 солариуми, ако воопшто во таа бројка се вклучени и тие на базените, во фитнес центрите и хотелите.
Во тој сектор работат околу 32 000 луѓе, а главните производители на солариуми се сместени во Германија.
Автор: Александар Методијев / афп
Редактор: Симе Недевски