040611 Westerwelle Jemen
4 јуни 2011Борбите во јеменскиот главен град Сана не се насочени против странците во земјата, но опасната актуелна состојба во Јемен е причина за затворање на германската амбасада во Јемен. Со оглед на ескалацијата на насилството во таа земја, германското министерство за надворешни работи бара од Германците веднаш да ја напуштат таа земја, доколку е тоа можно и безбедно. На маргините на посетата на Виентам, министерот Гидо Вестервеле предупреди дека е можна граѓанска војна во Јемен:
„Држави што се распаѓаат, држави во граѓанска војна, каква што опасност му претстои на Јемен, секогаш кријат опасност во нив да има региони каде меѓународниот тероризам бара сигурно пристаниште и од каде што дејствува.“
Вестервеле уште еднаш упати повик до јеменскиот претседател Салех да се погрижи за заштита на цивилното население и да овозможи мирно предавање на власта:
„Ова уште еднаш покажува дека некој се држи грчевито за власта, дека власта му е поважна од мирот во земјата“, изјави Вестервеле.
Автор: Франк Ибербах / Елизабета Милошевска Фиданоска
Редактор: Трајче Тосев