Германија ќе се бори за златен медал на ЕП во кошарка во СиЦГ
25 септември 2005Реклама
Репрезентациите на Германија и Грција вечерва во Белград ќе се борат за златниот медал, на Европското првенство во кошарка, чиј домаќин е СиЦГ. Германија предводена од одличниот Дирк Новицки синоќа во драматичен дуел ја совлада Шпанија со резултат 74 спрема 73. Во малото финале се среќаваат Шпанија и Франција.