Германија – "торнада" – Г8
5 јули 2007Реклама
Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг најави испитување на ангажманот на извидувачките авиони од типот торнадо за време на самитот на Групата Г8 во Хајлигендам.
„Го замолив шефот на Генералштабот да испита кој ја издал наредбата за летовите, за да можеме да зборуваме и за консеквенции.„
Јунг одобрил два извидувачки лета, но реално биле изведени седум. Цел на разузнавачките летови беа камповите на противниците на глобализацијата, кои масовно протестираа против одржувањето на самитот и политиката на најбогатите индустриски земји.