Германија – противракетна одбрана
30 април 2007Реклама
Непосредно пред патувањето на германската канцеларка, Ангела Меркел за Вашингтон, Социјалдемократската партија ги повтори своите дилеми околу планираниот американски анти-ракетен штит во Источна Европа. Шефот на СПД, Курт Бек и министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер предупредија од можна нова спирала на вооружување и повторно избувнување на конфликтот меѓу истокот и западот. Вооружувањето ги доведува во опасност и Германија и Европа и води кон несигурност, изјави Бек. Тој од канцеларката побара во Вашингтон интензивно да разговара околу оваа тема. Меркел веќе отпатува во Вашингтон на самитот на ЕУ и САД. Контроверзните американски планови за анти-рактениот штит официјално не се ставени на дневен ред на самитот.