1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Над 200.000 новозаразени за „корона-јубилејот“

ЖА /ДВ
27 јануари 2022

Точно две години по првиот случај на ковид во Германија, бројот на новоинфицирани во еден ден достигна апсолутен рекорд. За олабавување на епидемиолошките мерки засега не се размислува

https://p.dw.com/p/469FR
Symbolbild Corona Test
Фотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopres/picture alliance

Бројот на регистрирани нови инфекции со коронавирус во Германија првпат ја премина границата од 200.000, кај Институтот Роберт Кох се пријавени 203.136 нови случаи во рок од 24 часа. Седумдневната инциденца се искачи на 1017,4.

На 27 јануари 2020 година првпат беше потврдена инфекција со Ковид-19 кај човек од Баварија, а оттогаш досега се регистрирани преку девет милиони заразени, повеќе од 117.000 починаа од или поврзано со коронавирус.

Од крајот на декември во Германијазапочна вакцинацијата против коронавирус, речиси три четвртини досега добиле најмалку една доза, а близу половината население и трета доза вакцина.

Како решавачко мерило за заострување на епидемиолошките мерки се смета и бројот на хоспитализации, колку луѓе на 100.000 жители се наоѓаат во болница поради корона– вредноста моментно изнесува 4,26 и бележи благ пораст.

Но, сѐ позачестено се јавува за позитивен тест кај луѓе кои всушност во болница биле примени поради други здравствени проблеми. Весникот „Билд“ го истакнува примерот со покраината Сар, каде во изминатите две недели само секој четврти пријавен корона-пациент фактички лежел во болница поради Ковид-19, додека во декември лани беше секој втор пациент.