1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Доста со локдаунот

ЕМФ
22 март 2021

Додека во Германија многумина сонуваат за крај на строгите корона-рестрикции, вирусот и натаму се шири.

https://p.dw.com/p/3qwYZ
Deutschland | Demonstration gegen Corona-Maßnahmen in Kassel
Фотографија: Swen Pförtner/dpa/picture alliance

Доаѓањето на пролетта и наближувањето на Велигден ја засилуваат желбата на Германците за излез од долгиот локдаун. „Доста е со локдаунот“, стои на овој плакат, кој го носеа демонстранти против корона-рестрикциите во Касел во текот на викендот.

Но, она што го содржат предлог заклучоците за денешната нова средба меѓу сојузот и покраините го покажува токму спротивното. Таму се бара продолжување на локдаунот во земјата до 18 април. Во текстот се предупредува дека без јасно заострени мерки бројот на новоинфицирани со коронавирус ќе се зголеми брзо. Освен тоа, се предупредува и да не се патува во рамките на земјата или во странство.

Повеќе:

Ковид во Германија: Мрачно расположение, но и надеж

Бројките растат, лекарите од интензивна нега бараат строг локдаун во Германија

Германија– земја на луѓе без храброст во Ковид-кризата 

Канцлерамтот предлага и „консеквентна примена“ на договорената кочница во случај на зголемување на инциденцијата на над 100. Тогаш, како што стои во предлог заклучоците, не би требало да има разлабувањата на мерките, туку дополнително заострување. Се спомнува дури и полициски час. Училиштата и градинките, според предлогот, би требало повторно комплетно да бидат затворени доколку инциденцијата е над 200.

Мнозинството граѓани отфрла повторно заострување на мерките Според истражувањето на YouGov Deutschland GmbH, направено по налог на агенцијата ДПА, за ново ограничување на контактите се само 30% од испитаниците. За задржување на актуелните мерки се 23%, а за разлабавување на мерките се 22% од граѓаните. Крај на сите рестрикции бараат 15% од испитаниците.