Германец ќе го спасува Блекбери
25 јануари 2012Последниот обид на претпријатието РИМ (Research in Motion) да ги освои купувачите беше со новиот таблет-компјутер. Плејбук требаше да го засени Ајпед на Епл. Но, успехот изостана, исто како и кај другите понови модели на Блекбери.
Во третиот квартал од минатата година уделот на пазарот на Блекбери се намали на 11 проценти. Ајфоните на Епл, со систем Ајос, со 15 проценти останаа на релативно стабилна позиција. Смартфоните на Нокија имаа удел на пазарот од 17 проценти. Најголем скок забележа Андроид-системот на Гугл. Повеќе од секој втор продаден смартфон имал таков систем, меѓу нив и телефони на производители како ХТЦ, Самсунг и Моторола.
Сега Блекбери треба да биде спасен од германскиот инженер Торстен Хајнс. Поранешниот менаџер на Сименс веќе четири години работи во РИМ, која има седиште во канадски Ватерло. Познавачите на браншата го критикуваат токму тоа - според нивно мислење, за да се запре надолниот тренд кај некогашниот производител-пионер, потребен е човек што доаѓа од надвор и кој има свежи идеи.
Прилогот можете да го погледнете како Видео на денот!
Автор: Николас Мартин / Е.М.Фиданоска
Редактор: Александра Трајковска
.