1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија сама не може да се справи со бегалците

Петер Хиле/бг28 октомври 2015

Илјадници луѓе на балканската рута и натаму секојдневно се обидуваат да стигнат до западна Европа. Земји како Македонија не можат да се справат со бегалскиот бран, вели Катрин Геринг-Екарт од Партијата на Зелените

https://p.dw.com/p/1GvFf
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski

ДВ: Госпоѓо Геринг-Екарт во моментов сте во Македонија, една од најсиромашните земји во Европа. Како таму се справуваат со бегалскиот бран?

„Од една страна се вложуваат големи напори од доброволци и од хуманитарните организации. Од друга страна, земјата е заглавена во сопствените проблеми. За внатрешната политика во Македонија проблемот со бегалците не игра никаква улога. Хуманитарните организации се жалат дека има многу малку координација и дека не добиваат никаква поддршка, дека државната администрација многу малку се грижи за проблемот.

ДВ: Според некои шефови на влади во ЕУ, балканските земји треба да се погрижат да го забават минувањето на бегалците. Можно ли е тоа?

Суштинското прашање е да се погрижиме овие луѓе овде да не мораат да минуваат низ ѓубриште, да не мораат да стојат во вода и да добијат храна и топла облека. Тоа во моментов е проблем. Исто така проблем е и регистрацијата. Слушам дека луѓето повеќепати на различни места се регистрираат, најпрво во Грција, потоа во Македонија, и потоа повторно во Србија. Во тој поглед потребна е координација и соработка. Нема никаква логика што бегалците секогаш повторно со часови мораат да чекаат за да добијат документи за премин за следните 24 или 72 часа.

.ДВ: Добиваат ли Македонците доволна поддршка со оглед на ветувањата од Брисел, или од Берлин? Разговаравте со Фатмир Бесими, министерот за европски интеграции во земјата.

Katrin Göring-Eckardt
Катрин Геринг-ЕкардФотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

Министерот се разбира вели дека е потребна поголема поддршка. Не само во поглед на хуманитарната состојба, туку и поголема координација. Малата земја Македонија низ која илјадници луѓе секојдневно, не може сама да постигне.

ДВ: Во неделата се одржа самит со земјите од балканската рута во Брисел. Еден од заклучоците е дека треба да бидат испратени повеќе гранични трупи од ЕУ за поддршка. Дали е тоа вистинскиот пат?

Не сфаќам што ќе прават тие. Веќе се присутни германски граничари кои даваат поддршка. Но немаме поим што тие всушност прават. Обезбедувањето на границата не е проблем. Тоа нема ништо да реши. Тоа е остаток од старата изолационистичка политика. Токму граничната полиција Фронтекс доведе до тоа илјадници луѓе да се удават во Средоземното море. А подоцна велат, мораме да сториме сѐ за да ги спасиме. Обезбедувањето на границата не е тема. Се работи за тоа како да се прифатат луѓето, како да се згрижат, солидарно да се распределат низ Европа. И за тоа, подобро да се координира регистрирањето. Тоа може да помогне, а не да се залажуваат луѓето, да се затвораат границите и со тоа да се задржуваат бегалците. Задржувањето на луѓето ќе биде прифатливо само откако ќе се отстранат причините за нивното бегство.

Griechenland Idomeni Flüchtlinge Grenze Mazedonien
Бегалци на граничниот премин меѓу Грција и МакедонијаФотографија: DW/O. Gill

ДВ: Македонија не е само транзитна земја аз бегалците кои одат кон Германија. Од Македонија исто така доаѓаат луѓе кои бараат нов дом во западна Европа. Германската влада ја прогласи Македонија за земја со сигурно потекло. Што мислите за тоа?

Тука посетивме еден камп на Роми и разговаравме со луѓето. Јасно се гледа дека социјалната состојба за многумина е многу, многу тешка. Тука мора, од една страна, да се овозможи една вистинска перспектива за доселување во Европа, и од друга страна, помош на лице место, за луѓето да можат тука да живеат. Во основа ние тоа го бараме. Тоа е клучно. Македонија е земја во која дискриминацијата е помалку присутна отколку во многу други земји. Но тоа не значи дека од овде не треба да биде признавано правото на азил, доколку се искуси индивидуална дискриминација. Сепак на прво место е задачата, на луѓето тука да им се обезбеди перспектива преку образование или преку интеграција на пазарот на трудот.

Катрин Геринг-Екарт е претседател на фракцијата на Партијата на Зелените во германскиот Бундестаг.