1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Втoра рунда преговори за Косово

17 март 2006

Денеска во Виена продолжуваат преговорите меѓу преставници на Белград и Приштина за конечниот статус на Косово. Главна тема финансирањето на српските општини и нивната поврзаност со Белград

https://p.dw.com/p/Adqg
Фотографија: dpa - Bildarchiv

Економскиот развој е претпоставка за евентуалната независност на Косово, изјави австрискиот дипломат Алберт Роан кој посредува во преговорите меѓу двете делегации. Финансирањето на српските општини и нивната поврзаност со Белград е едно од главните прашања за кои денеска ќе разговараат двете страни. Член на српската делегација Слободан Самарџиќ пред почетокот на преговорите изјави дека Белград има подготвен план:

„ Тоа се детали за кои јас сега неможам да зборувам бидејќи тие ќе се изложат. Во некои општи релации тоа е дадено во нашата платформа за преговори, ние тоа го разработивме и го доведиовме до ниво кое е применливо. Тоа ќе го изложиме на другата страна, на албанската делегација и сметаме на добро посредување на оние кои ќе го водат состанокот, на чело со заменикот на Марти Ахтисари, Алберт Роан„

Делегацијата на Приштина во Виена ја предводи лидерот на демократската партија Хашим Тачи што предизвика остри реакции кај другата страна. Делегацијата на Белград веќе подготви протестно писмо кое ќе го адресира до преставникот на ОН Марти Ахтисари

„ Тоа го гледаме како чиста провокација, за жал не само на албанската страна туку и на меѓународната заеедница. Тоа е нешто неприфатливо. Во серијата Чеку, Харадинај, Тачи,значи лидери на парамилитарната ОВК. Ние не можеме формално да се мешаме во составот на нивната делегација, но има нешто што се вика фер плеј на кој сметаме и кој е содржан во принципите за водење на целиот процес кои ги усвои контакт групата„ рече Самарџиќ

Инаку претседателот на Косово Фатмир Сејдиу во интервју за виенскиот весник Ди Пресе изјави дека Белград сака поделба на Косово. Во Србија и натаму трае војна околу Косово, смета Сејдиу кој предупреди дека таквите идеи се деструктивни.