Фотографија на денот: Пролет во февруари
1 март 2021Реклама
Ако на средината од месецов беа регистрирани температури од дури минус 23 степени, крајот на февруари е топол, со температури од 16, 17, 18 степени. Метеоролозите предвидуваат дека високите температури за ова време од годината ќе траат до средината на неделава, а потоа доаѓа повторно студен бран од Русија. Причина повеќе во текот на викендот многумина да излезат на отворено и да уживаат во сонцето. Меѓу нив и Лена и нејзиниот коњ Смила на Балтичко Море.