1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вратата на ЕУ ќе остане отворена за земјите од Западен Балкан

14 јуни 2005

Високиот преставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана и еврокомесарот за проширување Оли Рен соопштија дека целосно останува на сила политиката за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/Acol

Еврокомесарот Хавиер Солана изјави дека Европа останува на ветувањето од самитот во Солун на кое ќе продолжи да работи.

Европските политичари сепак не конкретизираат кога би можело да се случи такво нешто, едно е познато дека тоа ќе зависи најповеќе од процесот на спроведувањето реформи. Оли Рен нагласи дека процесот би се одвивал паралелно со косовското прашање, за кое шефовите на дипломатиите во Луксембург усвоија документ во кој е дефинирана улогата на ЕУ. Главни точки во договорот се: Нема промена на границите, покраината не смее да се врати пред настаните од Март минатата година, Белград и Приштина да се приближат кон евроимнтеграциите, идниот статус да се темели врз мултиетничноста и заштита на малцинствата. идното меѓународно цивилно присуство мора да биде во форма на „цивилна кацеларија на ЕУ„.

ЕУ ќе го зајакне учеството околу спроведувањето на резолуцијата 1244 на советот за безбедност на ОН. Еврокомесарот Солана:

„ Ова е многу важна одлука и ЕУ ќе игра значајна улога во процесот. За тоа ни е потребна соработка од Приштина и Белград. Кога зборуваме за стандардите зборуваме за правата на малцинствата и затоа тие промени ќе се наоѓаат под лупата на ЕУ за да се види како ќе се однесуваат двете страни кон ова прашање„ рече еврокомесарот Хавиер Солана

Според документот се предвидува ЕУ да продолжи со поддршката на УНМИК и привремените институции во поглед на примена на стандардите и постепеното пренесување на власта на органите на локална самоуправа.