„Во мало место е тешко“
9 декември 2019Готвачот Ѓорги Бојчов сѐ уште се прилагодува на новата средина и работа. Во Штајнебах е од пред два месеца.
„Завршив факултет за гастрономија, а за да преживеам (во Македонија) работев сосема друга работа. Заминав со цел за подобар живот. Овде работам сосема друго за да се преживее.“
Работи во фирма за хемиско чистење, што за него е нешто сосема ново:
„За оваа машина ми беа потребни десетина денови за да го научам целиот систем како функционира. Сум работел на сите машини, веќе стекнав знаење и можам да им помогнам на колегите. Колегите се во најголем дел од Балканот, има доста Македонци, Хрвати, Срби. Зборуваме српски за да се разбереме сите заедно и заедно си помагаме.“
Навикнувањето на новите околности за работа и живот не му паѓа сосема лесно: „Во мало место се живее навистина тешко. Луѓе буквално како да нема. Сите работа-дома, работа-дома, буквално нема. За разлика од кај нас, каде што за викенд речиси сите се излезени надвор. Искрено, кога дојдов овде мислев дека онаму каде што јас живеам е Дубаи во споредба со ова.“
За млад човек е важно да има каде да излегува, ова е за семејни луѓе, додава Ѓорги.
Повеќе за животот на Ѓорги во Штајнебах и зошто тој е уверен дека ќе ги оствари своите цели, овде:
Еве ја приказната за Ѓорги Бојчов пред да тргне од родниот Штип на работа и живот во Германија: