1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во индустриски регион во Чиле затруени десетици деца

Рајнхард Клебер
8 јуни 2022

Како резултат на индустриско загадување, во два чилеански града се затруени најмалку 75 лица. Отровни гасови вдишувале над 50 деца и 25 наставници.

https://p.dw.com/p/4COX7
Dutzende Kinder erleiden Vergiftung in Industriegebiet in Chile
Деца играат во близина на термоцентрала во Пучункави (архивска фотографија)Фотографија: PABLO VERA/AFP

Во чилеанскиот регион Валпараисо, во кој доминира тешката индустрија, се затруени десетици деца. Поради вдишување отровни гасови, најмалку 50 деца и 25 наставници во повеќе училишта во регионот се пожалиле на мачнина, проблеми со дишењето, главоболка, печење на очите и вкус на метал во устата, соопшти градската управа на Кинтеро. Дванаесет деца и четворица возрасни се пренесени во болница.

Во регионот Валпараисо има многу индустриски постројки, како термоцентрали, рафинерии, хемиски фабрики и цементарници. Локалните медиуми го опишуваат регионот како „чилеански Чернобил“.

Dutzende Kinder erleiden Vergiftung in Industriegebiet in Chile
Термоцентрала во Пучункави, ЧилеФотографија: PABLO COZZAGLIO/AFP

„Измеривме петпати повисока концентрација на сулфур диоксид од дозволената“, изјави градоначалникот Рубен Гутерес.

- повеќе: Студија: Загадувањето го скратува животниот век за три години 

Регионалната влада воведе вонредна еколошка состојба во општините Кинтеро и Пучункави. Училиштата во двете општини се затворени.

- повеќе: Тетовци дишат отрови, алармираат екологистите по големиот пожар

Чиеланската влада во 1958 година донесе одлука да го претвори регионот во индустриски центар. Оттогаш загадувањето на животната средина е значително зголемено. Гувернерот на Валпараисо, Родриго Мундака, побара одговорните за труењето да бидат изведени пред лицето на правдата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема