1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во ЕУ очигледно постои потреба од натамошна диксусија околу Косово

21 јули 2007

Косово беше една од темите на разговорите на германскиот канцелар Ангела Меркел во Атина

https://p.dw.com/p/BKV9
Ангела Меркел во Атина не наиде на согласност околу КосовоФотографија: AP

Ангела Меркел во Атина изјави дека е тешко да се постигне согласност по прашањето за Косово. Компромис не е можен ако секоја од страните опстојува цврсто врз своите позиции, рече Меркел. Грчкиот премиер Костас Караманлис по разговорот излезе со став кој не се совпаѓа со гледањата на германскиот канцелар: „Решението на косовското прашање би требало да биде подносливо за сите засегнати, тоа не смее да биде изнудено. Значи, не треба да се остави впечаток дека една од страните во преговорите е изолирана или дури понижена. Поради тоа меѓународната заедница треба да работи врз решение со взаемна согласност. Ние сметаме и дека притоа не треба да се брза – не треба да пречи ако ни треба малку време за да го решиме тоа прашање“.

Грција, инаку, се покажа како многу проевропски настроена и се залага за засилена соработка што треба да им овозможи на сите вклучени во неа побрза интеграција во еден помал круг. Утре во Брисел започнува конференција која треба да го формулира идниот базичен договор на ЕУ. Меркел во Атина беше запрашана дали Франција и натаму ги споделува истите ставови. „Многу смело решение на Никола Саркози беше во предизборната кампања да каже дека нема да организира референдум, туку сака пооедноставен европски договор. Потоа постапувавме многу конструктивно и чекоревме по заеднички пат“ – рече Меркел.

Грција е многу задоволна од билатералната соработка со Германија, иако има и отворени прашања, пред се’ пред две години договорената а досега нереализирана испорака на германски тенкови Леопард и подморници. Германските фирми се жалат на платежниот морал на Грците, во Атина пак бараат подобрувања на договорот на сметка на производителите. Не е реализирано ни ветувањето на Грците дадено пред осум години за купување 60 авиони „Јурофајтер“ вредни 5 милијарди евра.

Јани Пападимитриу