1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во догледно време нема место во ЕУ за земјите од Западен Балкан

6 ноември 2007

Хрватска е исклучок, вели Маркус Зедер, баварски покраински министер за европски прашања, донеодамна генерален секретар на ЦСУ. Тој сугерира крајна претпазливост што се однесува до идеите за проширување на ЕУ

https://p.dw.com/p/C4mR
Во поблиска иднина од Западен Балкан само Хрватска во ЕУ: парламентот во ЗагребФотографија: picture-alliance/ dpa

“Единствена земја што може да име перспектива е Хрватска – таму се гледа напредок, но инаку засега тука е крајот што се однесува и на способноста на ЕУ да прифати нови членки” – рече Зедер во интервју за Баварското радио. Тој истакна дека реформите што се прават за човековите права, демократијата, независно правосудство немаат врска само со пристапувањето кон ЕУ, туку земјите треба да ги спроведуваат поаѓајќи од нив како основни принципи.

Прво секоја земја сама за себе мора да расчисти дали сака да припаѓа кон Европа и јасно да си предочи дека треба да ги исполни стандардите за човекови права и демократија, па да припаѓа кон Европа, а не обратно, вели Маркус Зедер. Во овој контекст тој го нагласува примерот со Бугарија и Романија и суштинските проблеми во натамошниот развој на посакуваните стандарди таму. "Затоа мислам дека од европски агол на гледање, независно од земјите-кандидатки, потребна е крајна препазливост што се однесува до идеите за проширување” – вели Маркус Зедер, баварски министер за европски прашања.