Во Атина денеска средба Пангалос- Арифи
25 јануари 2012Средбата меѓу вицепремиерите на Македонија и на Грција, првично најавена за декември, еднаш беше одложена од грчка страна, со барање за дополнително време за нејзина подготовка.
Вицепремиерката Арифи ја иницираше средбата во писмо испратено до Пангалос на 1-ви септември минатата година. Во писмото до грчкиот вицепремиер, како што тогаш информираше Арифи, се содржани идеи за соработка, во функција на балкански регион без предрасуди, ориентиран кон европска иднина.
Се очекува Арифи и Пангалос да разговараат за билатералните односи, како и за очекувањата на Македонија за деблокирање на нејзината интерграција во НАТО и ЕУ, по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Средбата на Арифи со нејзиниот грчки колега ќе биде прв официјален контакт меѓу владини претставници на двете земји по формирањето на привремената влада на национално единство на Грција.
Автор: СН/ АМ/ миа/ макфакс
Редактор: А. Трајковска