1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Авганистан демнат опасности

2 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AdJz
Состојбата во Авганистан останува нестабилна.Министерот за одбрана на Германија Петер Штрук така ја оцени по својата прва посета на околу 230 војници од Бундесверот, кои се стационирани во провинцијата Кундуз.Тој најави и дека ангажманот на Бундесверот не завршува во октомври. Штрук истовремено предупреди од терористички напади врз меѓународните заштитни сили,иако Германците таму се добредојдени.

Насекаде деца кои мавтаат ,љубопитни и пријателски лица, војниците од Бундесверот се добредојдени во Кундуз,најмалку меѓу луѓето на улиците.Што работат германските војници во ова зафрлено место на Авганистан? Ова прашање прво паѓа на памет кога се приоѓа по улицата кон нивниот логор.таа е полна со дупки и ја надгледуваат војнициите на Мохамед Дауд,еден од најмоќните луѓе во Кундуз.Дауд е командант на приватната армија на министерот за внатрешни работи Фахим.Таа по потреба може да брои и до 30 илјади луѓе.Наспроти тоа во градот има стацинирано само 230 германски војници. Дауд очигледно не бил одушевен што Германците стигнуваат во неговиот крај.За германските војници пак од почеток било јасно дека не смеат да преземат ништо без знаење на Дауд.Тие се тука за да помогнат во стабилизацијата на регионот,но постои реална опасност да станат и средство во рацете на локалните лидери ,како Дауд.

Веќе е забележан еден таков обид.Од Бундесверот при посетата на Штрук беше барано да помогне во борбата против произведувачите на дрога.Притоа на сите им е јасно дека и самиот Дауд е замешан во трговијата со дрога и дека добро заработува од неа.Ситуацијата многу брзо беше расчистена,зашто мандатот на Бундесверот не предвидува палење на полињата со афион од кој се прави дрога.Во овој обид се јасни желбите на локалните моќници-на интернационален план се демонстрира присуството на германските војници,на теренот нивното делување е ограничено.

Командантите од Бундесверот многу брзо спознаа дека за нивното делување овде треба многу повеќе дипломатска вештина.За среќа,првите месеци на ангажманот на германските војници поминаа без проблеми.Но,тие се на мета на оние на кои сопствената моќ и функција им е поважна од спроведувањето на законот и демократските избори.

Програмите за изградба на инфраструктурата,во кои се вклучени германските војници, без сомнение се од голема помош,но сами по себе не се оправдание за ангажманот на Германците.Долгорочна добивка би била постигната само ако германските војници во герионот на Кундус би биле во состојба да и пружат поддршка на легално избраната авганистанска влада.