1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Војна на нерви: Што се случува со набљудувачите на ОБСЕ?

АТ/ дпа/афп/ртр31 мај 2014

Судбината на заробените набљудувачи на ОБСЕ во источна Украина и натаму е неизвсна. Мисијата на ОБСЕ вели дека немаат контакт со нив, додека сепаратистите го тврдат спротивното.

https://p.dw.com/p/1C9xF
Фотографија: picture-alliance/AP

Киднапираните набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во источна Украина и натаму се во рацете на киднаперите. Нема контакт со осумтемина исчезнати, соопшти ОБСЕ. Четворица набљудувачи беа уапсени од страна на сепаратистите во регионот на Доњецк уште во понеделникот. Во четвртокот минатата недела ОБСЕ го загуби контактот со уште една група во соседниот регион Луганск. Четворицата набљудувачи и украинскиот преведувач исто така се наоѓаат во рацете на проруските милиции.

Во случајот со набљудувачите уапсени во понеделникот водачот на сепаратистите Владимир Рогов рече дека четворицата мажи од Данска, Естонија, Швајцарија и Турција биле под сомнеж за шионажа. „Ние постојано одржуваме контакт со мисијата на ОБСЕ. Тие се информирани, дека сѐ е во ред со нивните момци“, рече Рогов во Доњецк. Друг портпарол на активистите нагласи дека постои можност набљудувачите да се заменат за уапсени нивни поддржувачи.

Русија според сопствени наводи во моментов води разговори со милитантните сепаратисти во источна Украина во врска со уапсените тимови на ОБСЕ. „Ослободувањето се одолговлекува“, рече рускиот амбасадор во ОБСЕ Андреј Келин за агенцијата Итар-Тас. Неизвесно е колку долго ќе траат преговорите и со каков исход

Москва бара нова рунда дијалог со ОБСЕ

Рускиот дневен весник „Комерсант“ информираше дека пратеникот на ОБСЕ за Украина Волфганг Ишингер ќе ја напушти функцијата. Мандатот на германскиот дипломат истекол на денот на украинските претседателски избори 25. мај, се цитира Роланд Блес од ОБСЕ. Ишингер, откако беше именуван во мај трипати раководеше со тркалезната маса за национално единство. Руското министерство за надворешни работи се произнесе за продолжување на дијалогот. Притоа би требало да бидат застапни и политчките сили на сите региони на земјата, подвлече портпаролот на министерството во Москва. Тој повторно го повика раководството во Киев веднаш да ја запре анти-терористичката операција против сепаратистите.

На истокот на Украина продолжуваат борбите. При тешките борби меѓу украинските сили за безбедност и милитантните сепаратисти се убиени најмалку уште две лица, а осум се повредени. Во центарот на борбите повторно беше градот Славјанск. При ноќните активности на владините единици таму биле убиени двајца цивили и четворица бие повредени, рече портпарол на проруските активисти. Официјална потврда за тоа нема.