Вонреден конгрес за избор на нов лидер на СДСМ
5 ноември 2006Реклама
Зад затворени врати во Скопје се оддржува вонреден конгрес на најголемата опозициона партија на Македонија Социјалдемократскиот сојуз. На конгресот треба да се изберан нов претседател и генерален секретар на партијата. Единствен кандидат за лидерската функција во СДСМ е Радмила Шеќеринска.
Конгресот се оддржува еден месец, откако делегатите во партијата му изгласа недоверба на поранешниот премер и досегашен партиски претседател Владо Бучковски.