Возбуди во Бундес лигата
20 ноември 2006Еден од најголемите губитници на 13-то коло на Бундеслигата е Борусија од Менхенгладбах . Тимот на кој му е својствено пред се да игра слабо јна гостувањето , во моментов е слаб во секој поглед . Ништо поразлично не беше и во вчерашниот пораз на домашен терен против Хановер со 0 спрема 1. Сега тренерот Јуп Хајнкес се наоѓа по голем притисок , бидејќи по победата на Бохум над Ајнтрахт од Франкфурт од 4:3 , Бурисија од Менхенгладбах ја дели само 1 бод од опасната зона за испаѓање од лигата.
“Гледам во држењето на играчите , дека тие повеќе немаат самодоверба. Сигурност во играта недостасува и во нападот и се гледа дека тоа не е екипа што функционира . Не играме добар фудбал , веќе со недели и затоа се наоѓаме во многу тешка ситуација , за што и јас преземам одговорност” – истакна тренерот на Борусија Јуп Хајнкес.
Хановер пак со победата во Менхенгладбах ја напушти опасната зона . Тренерот Дитер Хекинг е задоволен поради тоа:
“Мојата екипа , го одигра она што не прави силни во моментов. Бевме компактни , дозволивме малку шански за гол , трпеливо чекавме на нашите шанси и потоа и ги искористивме .”
зад Хановер на последните три места на табелата се наоѓаат Бохум , Хамбург и Мајнц . Во дуелот од дното нa табелата Мајнц , каде што игра македонскиот репрезентативец Николче Новевски и Демонтираниот Хамбург играа нерешено 0:0.
Како што веќе спомнавме , Бохум успеа да го совлада Ајнтрахт може да се каже благодарејќи на исклучувањето на македонсикиот репрезентативец во редовите на тимот од Франкфурт , Александар Васовски . По брзото водство од 2:0 , со играч помалку Франкфурт на крајот загуби со 4:3 . Инаку ова е 3-то исклучување на Васовски во досегашниот тек на Бундеслигата.
И покрај високото место на табелата да не се испушта од видот опасната зона за испаѓање така гласи мотото во Артминија Билефелд . По нерешените исход без голови против Волфсбург на домашен терен , Арминија во моментов се наоѓа на шестото место на табелата . Тренерот Томас ван Хесен и покрај тоа предупредува:
“Сеуште сме будни кога станува збор за табелата . Осум поени не делат од опасната зона и мора и натаму ора до зимската пауза”
Впрочем оваа сезона на Бундеслигата покажува дека никој не може да се смири и покрај успесите . Единствено постојано во Лигата е непостојаноста –и тоа како на врвот така и на дното од табелата .Така Шалке 04 по победата од 4:2 против Енерги Котбус каде што во одбраната игра македонскиот репрезентативец Александар Митревски , по 13 коло од Бундеслигата е веќе седмиот лидер на табелата , што впрочем досега не се случило во историјата . Тренерот на Шалке Мирко Сломка смета дека тоа е добро:
“ Се радуваме исто како и екипата , дека во овој момент можеме да почуствуваме как е да се биде сосема на врвот , но оваа сезона имаше многу лидери на табелата . Овојпат сме тоа ние”
На второт место со два бода помалку од Шалке е Вердер од Бремен , кој во Ахен против Алеманија играше само 2 спрема 2.
Лидерот на табелата по минатото 12-то коло на Бундеслигата Штудгарт сега се наоѓа на третото место по поразот во Минхен од вечниот фаворит Баерн кој пополека се враќа во шампиионска форма . По победата од 2:1 во Алијанц Арената во Минхен , баварците сега се наоѓаат на четвртото место на табелата .
“ И јасно е дека , ние сакаме дека стигнеме до првото место на табелата уште пред зимската пауза . Зошто не би си ја поставиле оваа цел” – ги истакна намерите на Баерн голманот , Оливер Кан
Играчот од обраната , белгискиот репрезентативец Даниел ван Бојтен се надева пак дека сега баварците ќе влезат во победничка серија:
“ Лошо ја започнавме сезоната , но сепак добро реагиравме и и така треба да играме и натаму. Остваривме две добри победи во последните две кола и се надевам дека почуваме со таква серија”
Во останатите натпревари од 13-то коло на Бундеслигата , екипата на Херта од Берлин славеше на гостувањето во Дортмунд против Борусија со 2:1. Берлинците во моментов се наоѓаат на 5-то место на табелата . Нирнберг пак го запре надолниот тренд . По десет натпревари без попеда , екипата славеше на домашен терен против Баер од Леверкузен со 3:2.
Во спорторамата го беежиме и успехот на германската одбојкарска репрезентација на Светското првенство во Јапонија.
Имено одбојкарите ја прославија третата победа по ред на шампионатото и предвреме се пласираа во натамошните натпреварувања. Само еден ден по изненадувачката победа над Куба , тие вчера убедливо со 3:0 ја совлада екипата на Грција која го освои петото место на Олимписките игри во 2004-та .
Тренерот на репрезентацијата Стелијан Мокулеску и при фалбите за својата репрезентација и натаму гледа потенцијал за подобрување на играта:
“Мислам дека денеска не игравме лошо , и веројатно игравме и тактички подобро отколку во претходниот натпревар . Но денеска истотака не искориствивме и многу лесни топки инаку сметам дека ќе победевме и со поголема разлика”
Германија инаку во моментов се наоѓа на 1-то место на табелата во групата Б пред Франција , со која ќе го одигра последниот натпревар во групата :
“Тоа е за нас натпревар . тоа е за нас како да кажам Божиќ. Тоа е подарок . Притоа немаме од што да се плашиме. И едноставно за првпат можеме да играме опуштено”- изјави тренерот Мокулеску.