Воен удар во Мјанмар
1 февруари 2021Покрај Аунг Сан Су Ќи, уапсени се и претседателот Вин Мјинт и другите високи членови на владејачката партија , изјави владиниот портпарол.
Тој ги повика луѓето да останат смирени. „Сакам да им кажам на нашите луѓе да не реагираат премногу брзо и сакам да постапуваат според законот“, додаде портпаролот на владејачката Национална лига за демократија (НЛД). Тој исто така очекува да биде уапсен од војската.
Набргу потоа, Аунг Сан Су Ќи повика на протести против воениот удар. „Мерките преземени од војската се мерки за враќање на земјата во диктатура“, се вели во изјавата на Су Ќи, добитничка на Нобеловата награда за мир. „Го повикувам народот да не го прифаќа ова и да протестира со сето срце против воениот удар.
Голем победник на изборите - а сепак зависна од војската
Неколку часа подоцна војската прогласи вонредна состојба. Цивилното државно раководство е обезвластено, објави воената телевизија утрината.
Повеќе:
-Мјанмар: Новинарите на Ројтерс на слобода по 500 дена затвор
-Аунг Сан Су Чи: повеќе икона отколку политичарка
-Мјанмар ја укина цензурата на печатот
Очевидци известуваат за армиските возила на улиците во најголемиот град во земјата, Рангун, за прекинати телефонски линии, интернет услугите и мобилни комуникации. Државната телевизија МРТВ на Фејсбук напиша дека не може да емитува програма поради технички проблеми.
НЛД извојува убедлива победа на парламентарните избори во ноември во оваа југоисточна азиска земја со 50 милиони жители. Армијата зборува за изборна измама и врховниот командант на војската на Мјанмар Мин Аунг Хлаинг веќе се закани дека ќе го укине уставот доколку тој не се почитува. Но, во саботата военото раководство се обиде да ги разбие сите гласини за пучот. Ова требаше да се сфати како реакција на изјавите на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и претежно западните држави, кои изразија стравувања од политичките тензии во Мјанмар