1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО ДПМНЕ неуморно го брани Зврлевски

16 август 2017

Во Парламентот власта и опозицијата 40 дена кршат копја околу разрешување на јавниот обвинител Зврлевски. ВМРО ДПМНЕ со различни тактики ја одолговлекува расправата. Но, таа ќе има крај, велат од владејачкото мнозинство.

https://p.dw.com/p/2iJH5
Marko Zvrlevski, Staatsanwalt Mazedonien
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Во Парламентот владејачкото мнозинство инсистира на смена на јавниот обвинител Марко Зврлевски, а опозицијата се противи. Времето на говор е ограничено, но седницата може да трае со недели. ВМРО ДПМНЕ со различни тактики ја одолговлекува расправата. „Зврлевски ќе биде разрешен и тие од вас, што треба, ќе одат во затвор“, им порачаа пратениците од СДСМ на пратениците од ВМРО ДПМНЕ. 

40 дена се кршат копја за разрешување на Зврлевски