Дојче веле на македонски промовира европски стандарди и воведе нов облик на политичка култура, смета поранешниот премиер Владо Бучковски. Според него, ДВ го наметнал својот клучен белег - кредибилитетот - кој низ годините давал патоказ за дејствувањето на политичарите, но бил и брана од лажниот патриотизам и невештиот национализам.