Влада со многу задачи пред себе
24 април 2006Џавад ал Малики зборува за фамилија кога мисли на Ирачаните,а пред се на владата која треба да ја состави во рок од 30 дена.Страшна фамилија,се чини,која со месеци се наоѓа на работ на граѓанска војна и не понуди никаква вистинска убедителна перспектива за смирување.Но,ова е и чекор напред,што во Багдад по четири месеци од изборите барем конечно е направена распределба на најважните функции,што треба да води кон национално единство.
Така претседател на државата останува Курдот Џалал Талабани,претседател на Парламентот е Сунит,еден Шиит и еден Курд му се заменици.А Малики е најважниот член на шиитската Даава партија.Само ако во власта учетсвуваат најважните религиозни,етнички и политички сили,на вооружените групи ќе им биде пратен сигнал дека е дојдено време за полагање на оружјето.Дали тоа навистина ќе се случи,не постои никаква гаранција.
Сепак,мотивот треба да биде развој наместо насилство.Развој кој на крајот треба да води кон демократија каква досега не била позната во Ирак,како ни во останатиот арапски свет. Сега се повикани политичарите да ги стават во прв план заедничките интереси,а индивидуалните политички интереси да го стават во заднина.
За тоа е потребен енергичен шеф на владата. Малики претходно беше близок до досегашниот премиер Ибрахи ел Џафари,кој мораше да попушти и да замине од функцијата пред притисокот пред се на Курдите и на Сунитите.Малики мора да се издигне над својот претходник за да има успех.Така може да се разбере неговото барање -милициите да се интегрираат во ирачките безбедносни сили,само така можат да носат оружје.Разумна акција,но со ризик:вооружените милиции да ги пренесат судирите во армијата и да ги извршуваат нападите под закрилата на државните униформи,со што хаосот би станал уште поголем.
Недопрени,барем не директно,се терористичките групи во Ирак помагани од странство и американските трупи:за
претежно исламистичките терористи нема место во иден Ирак.Новата влада треба да работи решително против нив.А ниту за американските окупатори на подолг рок нема место во Ирак.Ако американскиот претседател Џорџ Буш го слави изборот на Малики како чекор во вистински правец,тој со тоа сака да разбуди надеж на повлекување на трупите.Иако досега според неговата стратегија во Ирак ова изгледаше неверојатно.