Вирусот на шап и лигавка пренесен од луѓе?
8 август 2007Реклама
Предизвикувачот на појавата на шап и лигавка во Велика Британија потекнува од медицинска лабараторија која се наоѓала во близина на фармата, се вели во првичниот извештај на британското министерството за здравство. Сеуште е нејасно на кој начин бил пренесен вирусот. Во извештајот сепак се вели дека не може да се исклучи намерно проширување на вирусот. Шапот и лигавката е заразна болест за говедата, свињите, овците и козите, за луѓето е безопасен.