Виена – Контакт група
29 август 2007Реклама
Преговарачката тројка за Косово денеска во Виена ќе се состане со претставници на Контакт групата. Со оваа средба на Белград и на Приштина треба уште еднаш да им се стави до знаење колкаво значење во меѓународната заедница им се придава на обновените преговори за идниот статус на Косово. Преговарачката тројка, што ја сочинуваат претставник на ЕУ, на САД и на Русија, утре во Виена треба да има и одделни средби со преговарачките делегации на Белград и Приштина.