Вељаноски утре ќе ги распише претседателските избори
31 јануари 2014В сабота на 1. февруари ќе ги распишам и ќе го одредам датумот на одржувањето на претседателските избори. Во однос на прашањето дали ќе има или ќе нема предвремени парламентарни избори, тоа не е во моја надлежност како претседател на Собранието. Тоа е надлежност на Собранието, кое треба прво да се самораспушти за потоа да се одржат предвремени парламентарни избори, изјави Вељаноски. Претседателските избори, според законот, треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај.
Доколку има само претседателски избори, Собранието нема да одржува седници нешто повеќе од еден месец пред првиот круг.
„Генерално не постои обврска Собранието да не работи, но има едно воспоставено правило според кое нешто повеќе од еден месец пред одржувањето на изборите не држиме пленарни седници за да не се претвори пленарната сала во место за кампања, а и секако да им се озвозможи на пратениците да учествуваат во кампањата“, вели Вељаноски.